ШКЕНДИЈА НЕ ПРИЗНАВА ФАВОРИТИ НА ХАРТИЈА: Конференција е јаве, а Лига Европа е веќе и реалност (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија направи голем чекор кон групната фаза во Лигата на Европа откако вечерва на домашен терен славеше против бугарскиот Лудогорец со 2-1 во првиот натпревар од двомечот во плеј-оф фазата во второто по ранг натпреварување на стариот континент.

Македонскиот шампион уште еднаш летово покажа дека и тоа како може да игра со шампионите од другите земји во Европа. Конференциска лига веќе месец дена е јаве, а Лигата на Европа е сон кој што станува реалност.

Сепак, целата работа ќе мора да се заврши за седум дена во Разград.

 

 

Се вчитува...