Трабзонспор и Енис Барди се елиминирани од швајцарски Базел во 1/16-финалето од УЕФА Конференциската лига.
И покрај тоа што Турците победија со 1-0 на првиот меч на домашен терен, вечерва на реваншот Базел славеше со 2-0. Амдуни во првото и Зекири во второто полувреме беа стрелци на головите за Базел, а Бакасетас во првото полувреме не реализираше удар од белата точка за Трабзонспор.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди во игра влезе во 81. минута од средбата, откако домашните веќе имаа предност од 2-0.
Фиорентина сосема очекувано има место во осминафиналето, каде ќе игра и Лех Познањ по победата од 1-0 над норвешки Бодо/ Глимт.
РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ (втори натпревари)
ЛЕХ – БОДО/ ГЛИМТ 1-0 (0-0)
ФИОРЕНТИНА – БРАГА 3-2 (4-0)
БАЗЕЛ – ТРАБЗОНСПОР 2-0 (0-1)
продолженија: ГЕНТ – КАРАБАХ 1-0 (0-1)
ДЊИПРО – АЕК ЛАРНАКА 0-0 (0-1)
КЛУЖ – ЛАЦИО 0-0 (0-1)
АНДЕРЛЕХТ – ЛУДОГОРЕЦ 3-1 (0-1) – продолженија
ПАРТИЗАН – ШЕРИФ ТИРАСПОЛ 1-3 (1-0)
- Во заградите се резултатите од првите натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

