КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА: Фиорентина во 92. минута со пресврт загуби од Базел, Вест Хем со предност против Аз Алкмар (ВИДЕО)

Вест Хем се стекна со предност во полуфиналето од УЕФА Конференциската лига, триумфирајќи со 2-1 против Аз Алкмар во првиот натпревар на домашен терен.

Победата на Англичаните им ја донесе Антонио во 76. минута со пресврт за 2-1, откако претходно гостите поведоа со 0-1 со голот на Рејиндерс во 42. минута, Потоа Бенрахма во 67. минута од пенал израмни на 1-1, пред Антониот во 76. минута да ја донесе победата.

Фиорентина загуби од Базел со 1-2, по гол примен во 92. минута. Во Фиренца, швајцарските тим дојде до победата со голот на Амдуни во 92. минута.

Претходно, италијанскиот тим до предност дојде со голот на Кабрал во 25. минута, но Диуф израмни за Швајцарците во 71. минута.

Се вчитува...