Конференциска лига: Голеадата на Фејенорд и Славија Прага без победник

Фејенорд и Славија Прага ремизираа со 3-3 во првиот четвртфинален натпревар од Конференциската лига. Натпреварот го одбележа неверојатна голеада проследена со два пресврта и четири гола во второто полувреме.

Синистера ги донесе домаќинтие до предност уште во 10. минута, а на четири минути пред крајот на првото полувреме Олајинка го изедначи резултатот на 1-1. Сор во 67. минута го комплетираше пресвртот на составот од Прага, но славјето на Чесите не траше долго бидејќи во 74. минута Сенеси донесе 2-2.

Кокчу успеа да ја затресе мрежата во 86. минута за целосен на домашниот тим, а конечниот резултат го постави Траоре кој во петата минута од судиското продолжение го совлада Марчиано на голот.

Се вчитува...