КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА: Партизан го освои Кипар, Рома со „петарда“ за ЦСКА Софија (ВИДЕО)

Белградски Партизан со триумф од 0-2 на гостувањето против Анортозис на Кипар го почна натпреварувањето во првата сезона од групната фаза во новата УЕФА Конференциска лига.

Црно-белите сосема заслужено дојдоа до триумфот кој беше најавен со погодокот на Мениг во 42. минута.

Гомес во 68. минута ги постави конечните 0-2.

Во оваа Група Б, Гент славеше против Флора со 1-0.

Во Групата Ц, Рома убедливо со 5-1 славеше против ЦСКА Софија. Во оваа група норвешки Бодо со 3-1 триумфираше против украинска Зорја.

Се вчитува...