Конференциска лига: Партизан по потешкиот пат, Рома со триумф во Софија до првото место во групата

Партизан го одбра потешкиот пат во нокаут-фазата во Конференциската лига откако во Белград не успеа да го совлада Анортосис (1-1). Српскиот тим стигна до предност од 1-0 во 20. минута преку Миловановиќ, но гостите 13. минути подоцна стигнаа до изедначување.

Со денешниот бод „црно-белите“ го осигураа второто место во групата „Б“ зад Гент и пред кипарскиот тим и Флора.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Рома успеа да го осигура првото место во групата „Ц“ откако славеше со 2-3 на гостувањето во Бугарија против ЦСКА Софија. Италијанскиот тим стигна до преднсот од 0-2 веќе на полувремето со головите на Абрахам и Мајорал, а Англичанецот повторно стрелаше во 53. минута за 0-3.

Бугарите успеаја да се вратат во игра при крајот на второто полувреме со головите на Цатаковиќ и Вајлдшут во 75, односно 93 минута, но немаа засили за бод.

Во прилог на Рома е и резултатот од мечот помеѓу Зорја и Бодо/Глимт во кој норвешкиот тим кој имаше предност пред „волчицата“ на табелата ремизираше со 1-1 во Украина.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...