И покрај предноста од првиот натпревар од 1-0 од гостувањето во Молдавија, белградски Партизан не успеа да се пласира во четвртфиналето на УЕФА Конференциската лига откако на домашен терен во Белград загуби со 1-3 од Шериф Тираспол.
Црно-белите и во Белград поведоа со 1-0 со голот на Мениг уште во 13. минута од средбата, но потоа гостите од Тираспол со два гола веќе во првото полувреме а потоа уште еден во вториот дел дојдоа до убедлива победа од 1-3 за продолжување понатаму во европските купови.
Македонскиот напаѓач Иван Тричковски, пак, со својата АЕК Ларнака ќе игра во осминафиналето откако ремизираше без голови на гостувањето против Дњипро. Сето тоа доволно за пласман понатаму по победата од 1-0 на првиот натпревар во Ларнака. Тричковски, за разлика од првата средба на Кипар, сега остана на клупата за резервни фудбалери кај АЕК.
И Лацио обезбеди место во четвртфиналето на идентичен начин против романски Клуж.
Андерлехт по продолженија славеше против бугарски Лудогорец со 3-1 за место во четвртфиналето.
РЕЗУЛТАТИ – 1/8 ФИНАЛЕ (втори натпревари)
ДЊИПРО – АЕК ЛАРНАКА 0-0 (0-1)
КЛУЖ – ЛАЦИО 0-0 (0-1)
АНДЕРЛЕХТ – ЛУДОГОРЕЦ 3-1 (0-1) – продолженија
ПАРТИЗАН – ШЕРИФ ТИРАСПОЛ 1-3 (1-0)
ОД 21 часот:
ЛЕХ – БОДО/ ГЛИМТ (0-0)
ФИОРЕНТИНА – БРАГА (4-0)
БАЗЕЛ – ТРАБЗОНСПОР (0-1)
ГЕНТ – КАРАБАХ (0-1)
- Во заградите се резултатите од првите натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

