Конференциска Лига: Партизан со предност заминува од Чешка, убедливи победи на Марсеј и Лестер

Фудбалерите на Партизан се стекнаа до предност од 1-0 по првиот шестнаестфинален натпревар против Спарта Прага откако го добија гостувањето во Чешка. Херојот на „црно-белите“ беше Мениг кој ја затресе мрежата во 78. минута за големо славје на гостинскиот состав.

Марсеј и Лестер пак стигнаа до убедливи победи откако ги добија натпреварите против Карабак и Рандерс. Францускиот состав славеше на домашен терен со 3-1, додека англискиот со 4-1 на „Кинг Пауер“.

На победа се радуваше и Бодо/Глимт кој го доби гостувањето во Шкотска против Селтик со 1-3.

Се вчитува...