КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА: Шкупи ако го мине првото коло оди на Левски Софија во 2. коло, Македонија ЃП во Азербејџан

Познати се и противниците на македонските претставници во 2. коло од УЕФА Конференциската лига по денешната ждрепка во Нион.

Шкупи во случај да го мине тимот на Хегелман од Литванија, во 2. коло ќе игра против бугарскиот прволигаш Левски Софија.

Македонија ЃП, пак, во случај да ја мине РФС Рига, во 2. коло ќе се соочи со тимот на Сабах од Азербејџан.

Доколку Шкендија го мине тимот на Хаверфордвест Каунти, во 2. квалификациско коло во Конференциската лига ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Б36 Торшавн од Фарските острови и Паиде од Естонија.

Шампионот Струга ТЛ, пак, доколку загуби во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите од литвански Жалгирис, тогаш ќе ги продолжи своите натпревари во 2. коло од Конференциската лига каде ќе се соочи со финалист од прелиминарната фаза.

Натпреварите од 2. коло во УЕФА Конференциската лига се играат на 27. јули и на 3. август.

Се вчитува...