Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Манчестер Сити со 2-1 на „Етихад“ по првите 3-0 на домашен терен и се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите оваа сезона.
Сити го одигра поголемиот дел од вчерашниот натпревар со играч помалку, откако Бернардо Силва беше исклучен во 17. минута поради играње со рака пред сопствениот гол. Натпреварот, пишува „Марка“, не заврши во напната атмосфера, но по него беше снимен потег на Пеп Гвардиола за кој се зборува.
Камерите го снимија инцидентот на центарот од теренот по натпреварот. Додека Гвардиола им честиташе и се ракуваше со соперничките играчи Хујсен, Валверде и Винисиус, ситуацијата се промени кога дојде редот на Антонио Ридигер.
По ракувањето, двајцата продолжија да разговараат, а нешто во тој разговор очигледно го вознемири германскиот дефанзивец, кој си замина видливо лут. Гвардиола одговори со насмевка и испраќање бакнежи во насока на играчот на Реал, кого Алваро Арбелоа се обиде да го однесе настрана за да спречи ескалација и можна казна за клучниот дефанзивец на Мадрид.
ЦЕЛАТА СИТУАЦИЈА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

