Конфликт со тренер: Илиев е на излезна врата од УТА

Дејан Илиев е многу блиску до заминување од УТА во зимскиот преоден рок откако македонскиот голман воопшто не добиваше шанса на последните натпревари од романскиот шампионат.

Илиев поцрвене на дуелот со ФЦСБ за старт надвор од шеснаесетникот, но дури и по одлежаната суспензија повеќе не доби шанса да ги покаже своите квалитети во дресот на УТА.

Романските медиуми јавуваат дека односот на Македонецот со тренерот Михалчеа е „максимално заладен“, а Илиев дури и влегол во отворен конфликт со Михалчеа по последниот куп-дуел што морал исто така да го следи од клупата за резерви.

Дејан Илиев не го крие разочарувањето од ваквата ситуација и веќе ги разгледува опциите за продолжување на кариерата, а тренерот дал зелено светло за тој да биде ставен на трансфер-листа веќе во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...