Конфликтот во Реал добива сериозни размери, Вини му порачал на Перез: Или Чаби, или јас!?

Тензиите во Реал Мадрид помеѓу Чаби Алонсо и Винисиус Жуниор продолжуваат да растат. Бразилскиот крилен фудбалер наводно му порачал на претседателот на клубот, Флорентино Перез, дека повеќе не може да се сложува со шпанскиот тренер, изјавувајќи: „Или јас или тој!“ Доколку Алонсо остане, играчот на „белите“ ќе одбие да го обнови договорот, кој истекува во 2027 година.

Сериозниот конфликт кој се појави на Ел Класико и натаму остава траги. И покрај тоа што бразилската ѕвезда се извини на навивачите и соиграчите на испадот, но не и на тренерот, јасно покажува дека патиштата на двајцата не се исти на долг рок.

Флорентино Перез наводно се обидел да посредува во конфликтот со закажување на приватна средба, но сето тоа било неуспешно. Винисиус на крајот се решил да му се закани на претседателот на „кралевите“.

Останува да се види која ќе биде разврската, но ако вака остане, тогаш Вини е на излезна врата од Реал Мадрид, кој ќе се обиде да го продаде уште на летото 2026 година, за да заработи од него нешто, и да не дозволи да си замине како слободен.

Се вчитува...