Конкакаф го казни судијата што побара автограм од Меси

Лионел Меси донесе победа од 0-1 за Интер Мајами во Купот на шампионите на Конкакаф на гостувањето против Спортинг Канзас Сити.

Но, главниот судија на мечот Марко Антонио Ортиз Нава се најде во центарот на вниманието на спортската јавност откако по дуелот побарал автограм од Меси. Токму поради тоа доби и казна од дисциплинската комисија на Конкакаф да го казни судијата.

Најпрво се мислеше дека мексиканскиот судија му го бара дресот на Меси, но отпосле е појаснето дека побарал автограм за свој роднина со посебни потреби. Конкакаф потврди дека Ортиз Нава ќе одговара за својата постапка која е оценета како непрофесионална и непристојна.

Инаку, случајот го пријавил поразениот тим Спортинг Канзас Сити, барајќи одговорност за судијата. Реваншот се игра на 25. февруари на стадионот на Интер Мајами.

Се вчитува...