Инатересот за СП 2030 е огромен, но и конкуренцијата меѓу шпанските стадиони. Се разбира, во потесен избор се Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, кои сакаат да организираат натпревари, доколку Светското првенство во 2030 година се одржи во Шпанија и Португалија.
Шпанскиот фудбалски сојуз ја потврди ваквата информација. Вкупно петнаесет шпански стадиони поднеле понуда за домаќини на Светското првенство, додека во Португалија би се организирале натпревари на три стадиони.
„Ова е најважниот проект што Шпанија ќе го преземе во следните неколку години“, изјави претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз, Луис Рубиалес, по состанокот на кој се разговараше за понудата и презентирање на списокот со кандидати.
Покрај стадионите на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико, кандидати се и стадионите во Виго, Ла Коруња, Хихон, Билбао, Сан Себастијан, Сарагоса, Валенсија, Мурсија, Севиља, Малага, Лас Палмас и стадионот на Еспањол во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА