КОНКУРС за доделување на награди и признанија во изборот на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година

Врз основа на член 3 од Правилникот за критериумите, условите  и постапката за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“, организаторот “Сојуз на спортови на Скопје“, распишува:

КОНКУРС

за доделување на награди и признанија во изборот на најдобрите спортистки и спортисти,  тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година

  1. “Сојузот на спортови на Скопје“ покренува постапка за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година“.
  2. Наградите и признанијата за најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната 2025 година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Скопје.
  3. Право на предлагање на кандидати за изборот на најдобрите, имаат спортските клубови и нивните членови, чие седиште е во Скопје.
  4.   Предлозите заИзбор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година“, се за следниве категории:
    • Најдобри 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени);
    • Најдобри 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени);
    • Најдобар тренер;
    • Најдобра спортска екипа од Скопје;
    • Најдобар/а спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и
    • Најдобар/а спортист/ка во категоријата на лица со инвалидност.
  1. Критериум за спортските остварувања се резултатите постигнати на олимписки игри, светски и европски првенства, и други меѓународни натпреварувања.На соодветните натпреварувања каде што е остварен спортскиот резултат, условите за номинирање на спортистите во поединечни спортови во изборот на најдобри спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје се:
    • За Светско првенство каде што учествуваат минимум 30 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи;
    • За Европско првенство каде што учествуваат минимум 15 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи.

                                         

  1. Клубовите и нивните членови од екипните спортови се рангираат преку настапи на големите натпреварувања, кои претходно учествуваат на натпревари во квалификациите и групите во европската лига на шампиони, евро лигите, европските купови и други регионални натпреварувања.

 

  1. Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и нивните членови, со седиште на подрачјето на град Скопје, со уредна документација којашто треба да содржи: копија за регистрација на субјектот со седиште во Скопје, копија од регистрациска книшка на предложениот спортист/ка, тренер со право на настап на натпревари во тековната година, официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, код-системи и слично.

 

  1. Јавниот конкурс ќе трае 5 денови, сметано од денот на објавувањето.Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, во секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во Архивата на Сојузот на спортови на Скопје, со адреса на бул. Кочо Рацин бр.15 Скопје, со назнака за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и екипа на Град Скопје за 2025 година“.

Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 3228 – 624.

 

Сојуз на спортови на Скопје

–  “Комисија за избор на најдобрите спортистки и спортисти,

     тренер и спортска екипа на Град Скопје,

     и доделување на награди и признанија“

 

 

                                               

Се вчитува...