1“Сојузот на спортови на Скопје“ покренува постапка за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2024 година“.
2. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Скопје.
3. Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чие седиште е во Скопје.
4. Предлозите за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2024 година“, се за следниве категории:
– Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени);
– Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени);
– Најуспешен тренер;
– Најуспешна спортска екипа од Скопје;
– Најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и
– Најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со инвалидност.
5. Критериум за спортските остварувања се резултатите постигнати на олимписки игри, светски и европски првенства, и други меѓународни натпреварувања.
На соодветните натпреварувања каде што е остварен спортскиот резултат, условите за номинирање на спортистите во поединечни спортови во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје се:
– За Олимписки Игри;
– За Светско првенство каде што учествуваат минимум 30 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи;
– За Европско првенство каде што учествуваат минимум 15 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи.
6. Клубовите и нивните членови од екипните спортови се рангираат преку настапи на големите натпреварувања, кои претходно учествуваат на натпревари во квалификациите и групите во европската лига на шампиони, евро лигите, европските купови и други регионални натпреварувања.
7. Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и нивните членови, со седиште на подрачјето на град Скопје, со уредна документација којашто треба да содржи: копија за регистрација на субјектот со седиште во Скопје, копија од регистрациска книшка на предложениот спортист/ка, тренер со право на настап на натпревари во тековната година, официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, код-системи и слично.
8. Јавниот конкурс ќе трае 10 денови, сметано од денот на објавувањето.
Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, во секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во Архивата на Сојузот на спортови на Скопје, со адреса на бул. Кочо Рацин бр.15 Скопје, со назнака за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2024 година“.
Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 3228 – 624.
Сојуз на спортови на Скопје -“Комисија за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, и доделување на награди и признанија“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

