Конопљанка стави крај на професионалната кариера

Заврши уште една фудбалска кариера која беше забележителна и на клупски и на репрезентативен план во последните две децении. Украинскиот фудбалер Јевхен Конопљанка реши да стави крај на кариерата на 34 години.

Се очекуваше Конопљанка да го продолжи договорот со романски Клуж каде ја мина последната полусезона, но тоа не се случи. Украинецот смета дека повеќе не може да пружи игри на одредено ниво и дека неговото тело сигнализира дека е време за пензија.

Овој фудбалерќе остане запаметен по одличните игри во дресот на Севилја и Шалке, а на фудбалската мапа се најде со врвни резултати во дресот на Днипро во периодот од 2009 до 2015 година.

Токму во сезоната 2014/2015 го одведе Днипро до финалето на Лига Европа, каде во финалето беа поразени од Севилја со резултат 3-2.

Таа сезона на Конопљанка му ја отвори вратата кон Европа, а веднаш во летото 2015 година за 20 милиони евра премина во Севилја.

Се вчитува...