Конор МекГрегор повторно доби серија навреди од познатите ММА менаџер, Али Абделазиз. Конор претхидните денови го прозва Хабиб Нурмагомедов дека е кукавица кој побегнал од борбата со Тони Фергусон, закажана за 18. април.
Абделазиз застана во одбрана на својот клиент, напаѓајќи го МекГрегор со тешки зборови.
„Им зборува на луѓето да останат дома, а Хабиб е виновен затоа што не може да патува, и го нарекува кукавица. A, од друга страна наводно тој донира милиони. Се од него е лажно“ – вели Абделазиз и продолжува:
„Конор не е број 1, ниту два или три, туку четврти во лесна категорија. Хабиб, Џастин и Тони се пред него, па затоа тој воопшто не ни е ниту во план за борба. Тој е всушност љубоморна проститутка која е престара за заработка на пари“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА