Конор има нов часовник од 2,5 милиони долари – Со еден клик гледа „секс сцена“

Пред да се врати во УФЦ, октагонската ѕвезда на овој спорт, Конор Мек Грегор потроши четири милиони долари на нов часовник. Во четвртокот, за време на престојот во Обединетите Арапски Емирати, Мек Грегор на Инстаграм се пофали со нови часовник, ново Бентли и нарачано одело.

Контроверзниот борец е познат по своите скапи акцесоари, автомобили и луксузен живот. Тој искористи прва прилика да се пофали на своите фанови дека преку еден „клик“ може да дојде „секси сцена“.

„Нов часовник, нов костум, нова количка, внимавајте“, напиша Конор.

Станува збор за часовникот „Jacob & Co’s Astronomia Tourbillon Baguette“, проценет на околу 1 милион долари. Според производителот, часовникот содржи 342 дијаманти „багет“ и 80 дијаманти на држачите на ремените. Ренчето на часовникот содржи 133 триаголни исечени бели дијаманти од вкупно 16,8 карати.

Сепак, тоа не е сè. Мек Грегор купил часовник кој нуди видеа од експлицитна содржина. „Сан“ тврди дека со притискање на копче на часовникот се создава скриено „порно видео“. Компанијата за часовникот потврди дека борецот платил неверојатни 2,5 милиони евра на неколку часовници.

Инаку, Мек Грегор се враќа во октагонот против Дастин Поари како дел од главната борба на УФЦ 257 што ќе се одржи во Абу Даби. Ирецот ќе се обиде да ја повтори победата над својот ривал од 2014 година.

 

Се вчитува...