Конор Мек Грегор до богатства преку грбот на добар пријател, а сега го игнорира (ВИДЕО)

Артем Лобов е некогаш еден од најдобрите пријатели на Конор МекГрегор. Поради него Конор стигнал до големи богатства, за да сега потполно заборави на пријателот игнорирајќи ги сите меѓусебни договори.

Лобов сега ја бара правдата пред судовите во Велика Британија тврдејќи дека тој стои зад целата идеја и проект за производство на вискито Пропер 12 кое на МекГрегор му донесе стотици милиони долари.

Артем Лобов приложи и докази во вид на пораки на кои се гледа дека Конор ветил дека ќе бидат заедно во бизнисот, но Ирецот го искллучил веднаш откако почнале да стигнуваат првите милиони. Пред судот си ги бара ветените 5% од продажбата на брендот која е вредна околу 180 милиони долари. Што значи, според договорот, на Лобов му следат 9 милиони долари кои воопшто не ги добил.

„Тоа беше моја идеја, мој проект и заеднички договор. Имавме договор за мои 5%. Тогаш никој и не ме сфаќаше сериозно, но кога почнаа да доаѓаат милионите ме избриша и од пријател само за да не ги испочитува оние 5%“ – вели Лобов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Artem Lobov (@rushammer)

МекГрегор му понудил единствено еден милион долари на Лобов, но поранешниот руски борец ги одбил па преку суд решил да ја бара правдата.

Се вчитува...