Конор Мекгрегор дивеел на улиците на Даблин – му се заканува казна затвор

Конор Мекгрегор продолжува да го крши законот, а по последното „дивеење“ Ирецот може да заврши и во затвор, пренесува „Индипендент“. Имено, ММА борецот возел несовесно по улиците на Даблин со Бентли Континентал ГТ и е приведен од полицијата.

Покрај тоа одземен му е и автомобилот, но по пуштањето од затвор со кауција, истиот му е вратен. Против Мекгрегор е поднесено обвинение за опасно и несовесно возење и следниот месец треба да излезе пред суд.

За ваков прекршок ирскиот Устав предвидува казна од 5 илјади евра, шест месеци затвор или обете. Ова не е прв пат ММА борецот да се соочи со казна за брзо возење. Пред пет години плати 400 илјади евра, а година подоцна помина со илјада евра и одземање на возачката дозвола.

Се вчитува...