„Конор МекГрегор е мртов – украдена му е душата… А, со пари не може да си ја врати!“

Поранешениот ММА борец, Мет Браун ја коментираше состојбата на Конор Мекгрегор, кој беше УФЦ шампион во две дивизии, но никогаш не го одбрани шампионскиот појас… А, сега е на насловните страници на сите светски медиуми, но од погрешни причини.

Се шпекулира дека по судењето за силување, и бројните проблеми со законот и дрогата, Конор е подготвен да се врати во светот на боречките вештини, па дури се споменува и меч со Мајкл Чендлер.

Но, Мет Браун, кој има 24 победи во својата богата ММА кариера и некогаш се сметаше за најопасниот борец што многумина го избегнуваа, не мисли така…

„Неговиот идентитет беше уништен, Хабиб Нурмагомедов го започна, а Дастин Поарие го заврши. Му ја зедоа душата, тој е мртов човек и никогаш повеќе нема да биде ист. Тој беше победник, беше гладен, го изгради својот идентитет преку победи… А што е сега? Тој не се бори, не победува, има стотици милиони на сметката и што му остана? Има многу пари, но нема цел. Не е лесно. Не само за него, туку за секого, без разлика колку пари имате. Луѓето мислат дека парите се лек за сè, но кога ќе го постигнете сето тоа, некако го губите компасот. Веќе не знаете ни кој сте, ни што сте. И тоа му се случи на Конор“ – вели Браун.

МекГрегор го најави своето враќање во Октагонот, неговото враќање на списокот на борци подготвени за тестирање на УСАДА и ВАДА (антидопинг агенција), но засега сè е само приказна…

Се вчитува...