Конор Мекгрегор го купува Челси?! (ВИДЕО)

Челси ќе добие нов газда откако Роман Абрамович се одлучи по 20 години да замине од клубот поради рестрикциите кои ги добија руските државјани по конфликтот помеѓу Русија и Украина. Русинот ќе го продаде клубот за три милијарди фунти, а во игра се неколку милијардери, меѓу кои, изненадувачки е и Конор Мекгрегор.

Поранешниот УФЦ борец откако на социјалните мрежи објави порака насловена „Да го истражиме ова“, објави и анимирано видео во кое говори со играчите и Роман Абрамович ставајќи дознаење за своите намери.

Ова не е прв пат Ирецот да изрази интерес за купување на клуб од Премиерлигата со оглед на тоа што порано во фокусот беше Манчестер Јунајтед па останува да видиме дали сериозно ќе се вклучи во преговорите за купување на „сините“.

Мекгрегор е спортистот со најголеми примања во 2021 година според Форбс, но сеуште е далеку од богатство вредно три милијарди евра па јасно е дека мора да најде партнер за остварување на сонот.

Се вчитува...