Конор МекГрегор повторно шокира: Никој не верува колку килограми има (ВИДЕО)

Ирската ММА ѕвезда, Конор МекГрегор жестоко тренира како би се вратил во октагонот, но ниту неговите најверни фанови не можеа да замислат со колкава килажа еден од најпопуларните борци во светот доаѓа на тренинзи.

Последниот негов меч беше во јули минатата година кога доживеа тешка скршеница на ногата во борбата со Дастин Поире, и од тогаш најавува големо враќање.

Многумина тврдат дека е „препумпан“ со забранети супстанци откако излезе од програмата за тестирање на антидопинг агенцијата. Изгледа поголем од било кога, но никој не можеше да верува дека 34-годишната ММА ѕвезда ќе биде со повеќе од 100 килограми.

Дел од навивачите и се сомневаат дали воопшто тоа е Конор МекГрегор…

Се вчитува...