Конорс со порака до Ѓоковиќ: Не можеш да ги победиш годините

Џими Конорс, тенисерот кој во кариерта освои 109 АТП титули говореше за формата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за кој 2024 година не започна на начинот на кој посакуваше.

Американецот кој играше до 43-годишна возраст, а последната титула ја освои на 31 година вели дека на Србинот од година во година ќе му биде уште потешко бидејќи без разлика од останатите околности големо значење има самата старосна граница.

„Годините се нешто што не може да се победи без обѕир на тоа колку се борите или колку се трудите да имате вистински режим на исхрана и тренинзи. Тука се рачунаат само бројките.

Кога играте со момци кои се и по 15 години помлади од вас, искуството е голема предност, но сепак постои и друга страна на искуството – кога ќе го стекнете тогаш веќе сте престари да направите нешто со него. Доаѓате до точка кога едноставно тие момци се посилни и повеќе подготвени од вас. Ѓоковиќ беше млад кога стекнуваше репутација, се натпреваруваше против најдобрите тенисери. Јасно е дека сега е тешко“, изјави Американецот.

Се вчитува...