Консеисао „џокер“ за пресврт и победа на Португалија (ВИДЕО)

Иако важеше за голем фаворит во дуелот со Чешка, националниот тим на Португалија се мачеше до крајот на мечот да дојде до победата, и на крајот успеа благодарение на „џокерот“ Франциско Консеисао.

Консеисао го искористи она кое не успеаја неговите соиграчи Роналдо, Леао, Бернарндо Силва… Се изнапромашија Португалците, им беше поништен и гол по ВАР, но на крајот успеаја да стигнат до трите бода.

Прво полувреме без голови, а потоа во 62. минута Провод ја шокираше Португалија со убав гол. Седум минути подоцна автогол на Хранач за израмнување.

Притисна Португалија да дојде до втор гол, успеа Жота да го постигне, меѓутоа му беше поништен поради офсајд на Роналдо. Затоа Консеисао во 92. минута по лоша реакција на одбраната на Чешка, му беше наместена топка на „тацна“ и само ја спроведе во мрежата.

Се вчитува...