Консеисао: Дојдов во Милан за да ја освојам ЛШ

Тренерот на Милан , Серхио Консеиао изјави дека ги избрал Росонерите со идеја да ја освојат Лигата на шампионите со нив. Сепак, Португалецот се пожали дека секој ден во клубот се поврзува различен тренер како можна негова замена.

Консеисао пристигна на крајот на минатата година на местото на Пауло Фонсека, кој остана само пет месеци. Започна на најдобар можен начин и Милан во вториот меч под негово водство го освои италијанскиот Суперкуп.

„Сакав да дојдам на едно од најсилните првенства во светот. Имам сон и цел да ја освојам Лигата на шампионите. Затоа го избрав овој клуб. Знаев дека ќе има потешкотии, но не ги избрав играчите во тимот, немав време да ги тренирам. ОДигравме девет меча за 30 дена. Немавме време за тренинзи и затоа е исклучително тешко што не можам да ја наметнам мојата визија. По освојувањето на Суперкупот одигравме нерешено со Каљари, и од тогаш секој ден се поврзуваат некои нови тренери со клубот“, изјави Консеисао.

Се вчитува...