Консеисао: Дури и мојата сопруга ќе биде задоволна од пласманот на Милан во финалето

Тренерот на Милан , Серхио Консеисао зборуваше по победата на неговиот тим од 3:0 против Интер во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија .

Тој во шега истакна дека „фудбалот го носи и дома“, па и дека неговата сопруга ќе биде задоволна од овој резултат и од пласманот на тимот во финалето.

„Важни се малите детали, ми се допадна ставот и сплотеноста на тимот и во одбраната и во нападот. Малку се мачевме во првите неколку минути, но успеавме да постигнеме гол. Подобривме некои работи на полувреме, а потоа имавме навистина високо ниво во вториот дел. Тимот има квалитет, но и желба за победа на секој меч. Задоволен сум од работата на Лука Јовиќ. Работи навистина добро во последните 3-4 недели. Исто така симна и килограми. Носи нешто што го посакувавме“, рече Консеисао и додаде:

„Љубител сум на фудбалот. Патам повеќе од другите. Го носам фудбалот дури и дома, па мојата сопруга сигурно ќе биде задоволна од резултатот и пласманот во финалето“, изјави Консеисао.

Се вчитува...