Серџо Консеисао утрово потпиша договор со Милан до крајот на сезонава (со можност за продолжување за уште една година), по што Португалецот веднаш се фати за работа ако се знае дека „росонерите“ на стартот од 2025 година ги очекува настап во Супер-купот на Италија што ќе се игра во Саудиска Арабија.
Екс-тренерот на Порто денеска го одржа и првиот тренинг со екипата, по што ги даде и своите први изјави како нов шеф на стручниот штаб на италијанскиот гигант.
„Горд сум што дојдов во клуб како Милан, во една ваква авантура. Емоцијата е само нешто привремено, знам дека ме чека многу работа, но имаме топло срце и ладни глави, знаеме што сакаме – да победуваме со еден од најдобрите клубови во светот. Немаме многу време, ќе работиме напорно овој период. Не сум човек што многу зборува, сакам делата да говорат за мене, а не зборовите“, порача Серџо Консеисао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА