Тренерот на Милан, Серхио Консеисао упати пофалба кон навивачите на Удинезе за аплаузите испратени до голманот на неговиот тим, Мајк Мањон во моментите кога тој беше изнесуван на носилки поради тешка повреда со соиграч.
Мањон минатата сезона беше расистички навредуван на истиот стадион, пред натпреварот повторно беше мета на навивачите, но тие покажаа карактер во моментите кога се соочуваше со животна неизвесност.
„Навивачите на Удинезе ме импресираа и морам да им честитам. Едно е играч, а друго е човек. Играчите можеш да ги исвиркуваш, но човекот не. Аплаузот беше неверојатен гест. Во фудбалот сум 40 години им реков дека такво нешто немам видено“, изјави Консеисао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА