Консеисао: Многу сум лут и разочаран, јас сум виновен за елиминацијата

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао, ја презеде одговорноста врз себе по елиминацијата на својот тим од Лигата на шампионите против Феенорд. Откако беше 1-0 во Ротердам, Милан имаше предност на ревнашот која ја „прокоцка“ во вториот дел.

Еден од „виновниците“ за овој пораз беше Тео Хернандез, кој доби црвен картон поради глупоста која ја направи на стартот од вториот дел, и тоа се покажа како клучно потоа.

„Сакавме да стигнеме до 1/8 финалето, и натпреварот покажа дека сме подобри од противникот. Можам да кажам дека судијата беше премногу остар, но моравме да останеме ментално силни. Јас ја прифаќам одговорноста за елиминацијата, а не Тео. Во текот на мојата кариера сум имал грешки. Лут сум, затоа што пред да биде исклучен Тео, контролиравме се, а противникот не успеа ниту да го види нашиот гол. Разочаран сум“, рече Консеисао.

Се вчитува...