Милан е во сериозна криза по елиминацијата во Лигата на шампионите и двата едноподруго порази во Серија А. Тренерот Серџо Консеисао, е под огромен притисок од навивачите и јавноста во Милано, но и по синоќешниот пораз (1-2) од Болоња вели дека ќе продолжи да работи со иста страст и посветеност.
Се разбира, како што нагласува, ако клубот не размислува поинаку и не одлучи дека треба да си замине.
„Убеден сум дека се во сезонава се уште се е во наши раце. Но, ако не сум му потребен на Милан, а клубот мисли дека не сум вистинскиот човек, тогаш подготвен сум да си одам без да барам ниту едно евро. Сум освоил 13 трофеи. Постојат тренери кои немаат ниту еден, а се толерираат до крај. Некои луѓе ги паметат моите успеси, но има и такви што зборуваат само со злоба. Имам семејство и соседи кои гледаат што се случува, и тоа не е фер“ – вели Консеисао, по синоќешниот пораз, и дополнува:
„Сепак, се додека не се случи тоа ќе работам максимално посветено. Иако не ми е јасно како едноставно резултатите не доаѓаат. Како над Милан да надвил некој облак, од кој можеме да се отргнеме само со победи, бидејќи резултатите се тие што прават разлика.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

