Тренерот на Милан Серхио Консеикао не беше задоволен по ремито 2:2 со Фиорентина . Росонерите можеа и да го загубат овој натпревар, заостануваат со два гола разлика, но стигнаа до бод.
Португалецот тврдеше дека неговиот тим прави премногу грешки, но ја презеде вината за тоа.
„Пристапот во првите 25 минути беше многу лош. Нашиот план не беше таков, но јас ја преземам одговороноста. Имавме многу разговори и играчите ми дадоа позитивни сигнали во последните неколку дена. Натпреварот против Интер беше многу поинаков, бевме балансирани и правевме помалку грешки. Секогаш сум велел дека класата на играчот не е само во една работа“, рече Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА