Консеисао: Не знам кога Милан последен пат освои два трофеи

Милан испушти нови бодови во битката за излез во европските натпреварувања за престојната сезона откако загуби од Аталанта во последниот натпревар во Серија А.

Сега шансите славниот италијански клуб да се најде во Европа во сезоната 2025/26 се сведува на успехот во Купот на Италија каде во пресрет реванш натпреварот против Интер има нерешен резултат 1-1. Евентуалниот исход на сезоната се сведува на ова натпреварување по кое ќе биде одлучена и иднината на Сержо Консеисао на клупата.

„Откако пристигнав, освоив Суперкуп и победив во првиот натпревар во Серија А. Веќе тогаш говореа за сите тренери кои можат да ме заменат во Милан“, изјави Поругалецот па продолжи:

„Во фудбалот сум 40 години и што се однесува до мене се тоа е во ред, но луѓето со кои работам ги гледаат сите тие приказни и тоа не помага за нашата стабилизација. Мораме да работиме напорно денеска за утре да бидеме подобри. Мене искрено некогаш ми е тшко бидејќи гледам како луѓето говорат без почит кон тренерот на Милан како никогаш да не сум бил дел од соблекувална некогаш и никогаш да не сум работел во фудбалот. Тоа простор не е точно. Мојата иднина е утре, да го подготвам натпреварот со Интер на најдобар можен начин и да освојам трофеј. Не знам кога Милам последен пат освои два трофеи во една сезона, но тоа не е нормално“

Се вчитува...