Консеисао: Никогаш не сум сретнал вакво нешто

Поразот од Лацио со 1-2 и тоа со гол во 98. минута дополнително ја продлабочи кризата на Милан и воедно незадоволството кај навивачите кои и на самата средба не ја криеа разочараноста од прикажаното на нивните омилени фудбалери.

По средбата за медиумите говореше тренерот Серхио Консеисао кој изјави дека е свесен за ситуацијата во која е неговиот клуб, но ниту еднаш во кариерата не се сретнал со „непријателска“ атмосфера на домашниот стадион.

„Моментот не е лесен, тоа е јасно. Играчите чувствуваат што се случува околу нив. Единствениот начин да се излезе од оваа ситуација е да се работи и гордо да се бранат боите на клубот. Мораме да даваме се од себе секој ден за да ги оставиме нашите проблеми зад нас. Не сакам да зборувам за лоша среќа, но работите постојано се случуваат на наша штета и нашите ривали ја користат предноста.

Имавме малку време да се подготвиме. Ја коментиравме атмосферата на стадионот. Никогаш не сум сретнал вакво нешто. Бев фудбалер и знам како е навивачите да се незадоволни. Ако натпреварот не оди според вас, станува уште полошо. Видов карактер и желба кај момците, иако бевме покуси за еден човек. Играчите веруваат во тоа што го работиме, но ситуацијата не е лесна. Релативно неодамна сум тука, а натпреварите доаѓаат еден по друг и немаме можност да работиме тактички“, изјави тренерот на Милан.

Се вчитува...