Консеисао останува во Јувентус

Португалскиот фудбалер Франсиско Консеисао би сакал да остане во Јувентус и по крајот на оваа сезона. Тој е задоволен од клубот, а и клубот е задоволен од него, откри неговиот агент Жорге Мендеш.

Консеисао е на позајмица од Порто во „старата дама“ од стартот на сезоната, а и покрај тоа што не придонесува директно со голови и асистенции неговите продори отвараат простор за останатиот дел од тимот што го прави одлична опција за Јувентус.

Почетокот на кариерата во италијанскиот клуб не изгледаше добро за Португалецот, се чинеше дека ќе биде една од опциите од клупа, но со добрите настапи тој се избори за минутажа и место во тимот од самиот почеток на средбата.

Се вчитува...