Консеисао по киксот на Милан: „Вакво нешто не сум видел досега…“

Милан по големата еуфорија со освоената титула во Суперкупот на Италија, сега брзо „спуштен на земја“ по киксот на дуелот со Калјари во Серија А и ремито (1-1) на „Сан Сиро“.

По мечот, Сержо Консеисао нагласи дека е посебно огорчен од лошото прво полувреме кое го одиграл неговиот тим, потенцирајќи дека такво нешто во неговата досегашна кариера.

„Првото полувреме на мечот против Калјари е најлошо кое го одиграла една моја екипа во цела тренерска кариера. Повеќе од 13 години сум во оваа работа, и вакво нешто не сум видел досега“ – рече Консеисао, притоа дополнувајќи:

„Игравме без живост со бавно темпо, не бевме доволно паметни во пронаоѓањето празен простор и му олеснивме на противникот добро да се одбрани. Изговор не треба да биде и заморот од Суперкупот. Едноставно мораше да одиграме многу подобро и да ги освоиме трите бода“.

Се вчитува...