Серџо Консеисао имаше причина да биде разочаран откако Милан претрпе нов пораз под негово водство, овојпат на гостувањето против Феенорд во првиот дуел од 1/16 финалето од Лигата на Шампионите.
Иако „росонерите“ се уште имаат реални шанси за пласман во следната рунда, португалскиот стратег јасно стави до знаење дека очекува многу подобри изданија од својот тим.
„Сите треба, почнувајќи од мене самиот, да ддадеме повеќе за да стигнеме до резултатите што ги покажуваме. Имаме фудбалери со високи технички квалитети, но мораме да унапредиме други карактеристики кои се исто така многу важни. Тешко е да се направи таква промена, но не и невозможно“, истакна Консеисао.
„Знаевме дека ќе играме на стадион со непријателска атмосфера, знаевме дека Феенорд ќе биде мотивиран. Не бевме на нивото што го посакувам, вакви натпревари не можете да победите ако не ги добивате дуелите на теренот, оние 50-50 ситуации“, кратко прокоментира стратегот на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

