Серџо Консеисао не го криеше разочарувањето откако не успеа да го освои и вториот трофеј со Милан, губејќи го финалето на Купот на Италија од Болоња со 0-1.
Португалскиот стратег има разочарувачка сезона во Серија А и се надеваше дека со триумф на синоќешното финале би си ги зголемил шансите за останување. Сепак, тоа не се реализираше, а Консеисао презеде дел од вината врз себе.
„Првото полувреме беше израмнето, а во вакви финалиња многу е важно кој ќе го постигне првиот гол бидејќи е тешко потоа да се брка резултат. Не сакам да им одземам ништо на противниците, Болоња одигра добар меч и заслужено славеше, но по тој прв гол се играше многу малку фудбал на теренот. Факт е, ние моравме да прикажеме многу повеќе. Судиите имаа неколку чудни одлуки, сите беа на наша штета, но тоа не смее да ни биде алиби за овој пораз. Моравме да направиме нешто повеќе, да дадеме барем еден гол, не сакам да смислувам изговори… жал ми е за навивачите кои дојдоа со толкав ентузијазам на стадионот, а ние ги разочаравме“, изјави Консеисао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

