Консеисао: Ваков Милан сакам да гледам, ова е нашето вистинско лице

Милан и Интер ремизираа 1-1 во првиот полуфинален дуел од Копа Италија, а домашниот стратег Серџо Консеисао не го криеше задоволството од прикажаната игра на својот тим.

Португалскиот стратег се погласно е критикуван поради бледите изданија и променливите резултати на „росонерите“, но Консеисао смета дека неговиот тим синоќа го покажал вистинското лице.

„Резултатот е фер, двата тима одиграа квалитетно, имаа свои шанси, на крајот мислам дека најчесно беше да се заврши без победник, а патникот во големото финале да се решава на реваншот. Она што мене ме радува е карактерот, начинот на кој момците се бореа од почеток до крај. Ваков Милан сакам да гледам, ова е нашето вистинско лице. Знам дека не е изговор, но поради густиот распоред  на натпревари немавме многу можност за интензивни тренинзи, за корекции. Последните седмици за време на репрезентативната пауза ги искористивме максимално, напредокот е очигледен, затоа и верувам дека ќе продолжиме во ваков ритам до крајот на сезоната“, истакна Консеисао.

Се вчитува...