Во текот на изминатиот викенд (17-19 Септември) се одржа Охрид Ултра-Треил®, меѓународен спортски настан во природа, во рамките на Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќаше 4 трки со дистанци од 107км, 66км, 40км и 20км и е закажано на 17-19 септември 2021 година. Стартуваа 269 натпреварувачи oд 20 земји и ќе има вклучено преку 60 волонтери во самата организација. Настанот помина во одлична атмосфера и со голем успех и покрај големите предизвици кои беа предизвикани од временските услови кои во даден момент се влошија во високите делови на планината.
Трката која е носител на настанот – Охрид Ултра-Треил® е долга 107 км со 5,000 метри и на истата стартуваа 35 натпреварувачи. Интересен факт од подиумот е дека второто место во машка категорија е поделено меѓу Томаш Кик и Иван Радев кои по своја иницијатива финишираа заедно.
Победниците на оваа трка се:
Во машка категорија | ||
Име и презиме, земја | Позиција | Време на завршување |
Константинос Џианопулос (ГР) | Прво место | 11ч 04мин 11сек |
Томаш Кик (СК) | Второ место (споделено) | 13ч 27мин 24сек |
Иван Радев (МКД) | Второ место (споделено) | 13ч 27мин 24сек |
Во женска категорија | ||
Ана Куприевска (ПОЛ) | Прво место | 17ч 17мин 02сек |
Сања Николовска – Најдовски (МКД) | Второ место | 17ч 37мин 21сек |
Ерида Куршумлија (КОС) | Трето место | 18ч 45мин 13сек |
Во втората планинска трка „Галичица Ултра“ 66 км со 3,350 метри искачување, би сакале да ја нагласиме неверојатната трета позиција во генералниот пласман на Варвара Шиканова (РУС) која убедливо ја освои својата категорија и истрча одлично време (7ч 23мин):
Во машка категорија | ||
Име и презиме, земја | Позиција | Време на завршување |
Дејан Ангелоски (МКД) | Прво место | 6ч 09мин 09сек |
Даниел Крстовиќ – Опара (ХРВ) | Второ место | 6ч 59мин 38сек |
Александар Кирковски (МКД) | Трето место | 7ч 31мин 41сек |
Во женска категорија | ||
Варвара Шиканова (РУС) | Прво место (трета во генерален пласман) | 7ч 23мин 35сек |
Мартина Милева – Јовановска (МКД) | Второ место (споделено) | 9ч 47мин 27сек |
Радмина Јованова (МКД) | Второ место (споделено) | 9ч 47мин 27сек |
Третата трка „Самотска Треил“ е во должина од 40км со 2000 метри искачување и го има следниот подиум:
Во машка категорија | ||
Име и презиме, земја | Позиција | Време на завршување |
Пжемислав Гурак (ПОЛ) | Прво место | 4ч 28мин 17сек |
Члирим Сахити (КОС) | Второ место | 4ч 41мин 18сек |
Александар Војнески – Еленин (МКД)
Златко Карчески (МКД) |
Трето место (споделено) | 4ч 53мин 53сек |
Во женска категорија | ||
Зринка Деур (ХРВ) | Прво место | 5ч 25мин 48сек |
Лидија Радуловиќ (СРБ) | Второ место | 5ч 41мин 44сек |
Албулена Харадинај (КОС) | Трето место | 5ч 56мин 17сек |
Последната и најмала трка „Летница Треил“ е со 20км и 1000 метри искачување и го има следниот подиум:
Во машка категорија | ||
Име и презиме, земја | Позиција | Време на завршување |
Џастин Фриман (МКД) | Прво место | 2ч 05мин 46сек |
Марко Џуричиќ (МКД) | Второ место | 2ч 07мин 16сек |
Евгениј Попов (БУГ) | Трето место | 2ч 07мин 30сек |
Во женска категорија | ||
Талија Петреска (МКД) | Прво место | 2ч 42мин 02сек |
Ивана Настовска (МКД) | Второ место | 3ч 02мин 51мин |
Маре Србиновска (МКД) | Трето место | 3ч 27мин 33сек |
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА