Звонко Шундовски со екипата на Констанца во која настапуваат македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Марковски славеше победа во дербито против ЧСМ Букурешт во чиј состав е Гоце Георгиевски, со 30-23. Со овој триумф, Констанца ја прекина серијата од пет победи по ред на ЧСМ Букурешт и се одвои на лидерската позиција на табелата со 30 бода. ЧСМ Букурешт е на второто место со два бода помалку.
Никола Митревски запиша девет одбрани во победата на Констанца, а Велко Марковски вообичаено беше задолжен за играта во одбрана. Најефикасни во домашниот тим беа Нистор Јонут со седум и Никола Црноглавац со шест гола.
Во составот на ЧСМ Букурешт, Георгиевски остана без погодок, а најефикасни беа Јонут Рамба и Богдан Манеску со по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА