Конта: Го надминав тоа што Серена е голема шампионка

Британката Џоана Конта и го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на 23-кратната гранслем шампионка, Серена Вилијамс. Ја победи во стартното коло на турнирот во Сан Хозе во два сета, за само еден час, а Американката освои само еден гем (6-1,6-0).

Вилијамс никогаш во професионалната кариера, уште од 1995 година, не загубила меч во кој не освоила најмалку два гема.

„Се обидов да го ставам настрана тоа што таа е голема шампионка и да го одиграм најдобриот тенис што го знам. Таа очигледно не играше на најдобро ниво“ – изјави Конта по победата.

Серена Вилијамс во мечот направи дури 25 неизнудени грешки.

„Таа играше одлично, особено во вториот сет, беше сигурна во себе и јасно е зошто победи“ – рече Вилијамс по изненадувачки високиот пораз.

 

 

 

Се вчитува...