Антонио Конте е подготвен за заминување од „Стемфорд бриџ“, но италијанскиот стратег продолжува да ги разочарува навивачите со индиферентните изјави што ги дава пред речиси секој натпревар. „Сините“ денеска играат големо градско дерби против Тотенхем, евентуален пораз ќе значи и сведување на теорија на шансите за место во ЛШ следната сезона, но Конте не делува премногу загрижен поради тоа, свесен дека нема да биде на „Стемфорд бриџ“.
„Сигурно дека ова е важен натпревар, знаеме дека мораме да победиме ако сакаме да останеме во игра за ЛШ. Да бидам искрен, не знам што ќе се случи ако загубиме од Тотенхем. Тоа и не е мој проблем, туку проблем на клубот“ – истакна Конте, свесен дека врачување на отказ ќе му донесе и мултимилионска отштета за предвремениот раскин на договорот.
ПСЖ не крие дека сака да го доведе Антонио Конте за свој тренер наредната сезона, во меѓувреме интерес за овој трофеен стратег покажува и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА