Конте бара три работи од Тотенхем: Пари, време и трпение…

Тотенхем влезе во мини-криза откако „спарси“ загубија од Манчестер Јунајтед и од Њукасл, па сега заостануваат пет бода зад лидерот Арсенал.

Навивачите се незадоволни поради слабата игра на тимот и фактот дека екипата предводена од Кејн и Сон се мачи да создаде шанса за гол, но Антонио Конте не е премногу загрижен. Напротив, италијанскиот стратег верува дека на крајот овој проект ќе го даде посакуваниот резултат, но побара од луѓето во Тотенхем три работи – пари, време и трпение.

„Ни треба време и трпение, и секако – пари. Секако дека не е убаво чувството кога се губат натпревари, но јас веќе реков во неколку наврати, ова е почеток на еден нов проект и секако дека ќе се случуваат вакви работи. Играме во пеколно темпо во Премиер-лигата и во Лигата на Шампионите и моја единствена грижа во моментов е да не се повреди уште некој фудбалер, бидејќи ситуацијата на ова поле станува сериозна. Кога доаѓав реков дека моја цел е да го направам Тотенхем конкурентен тим во борбата за трофеи и уште стојам на тоа, но клучно ќе биде да останеме заедно и во тешките моменти“, изјави Конте.

Се вчитува...