Тренерот на Наполи, Антонио Конте по крајот на натпреварот против Интер во 12. коло од Серија А кој заврши со поделба на бодовите по реми од 1-1 го изрази својот бес кон ВАР системот.
Конте се осврна кон досудениот пенал за Интер во 72. минута од средбата кога по контакт помеѓу Ангисе и Дамфрид во шестнаестникот беше досуден удар од белата точка. Италијанскиот стратег чекаше реакција од ВАР собата, да го поништи пеналот, но тоа се случи. За среќа на неаполитанците Чалханоглу го промаши обидот.
„Иритира кога слушате дека ВАР не може да интервенира за непостоечки пенал. Ако е во прашање грешка, ВАР мора да интервенира. Станува збор за очигледна грешка или е само очигледно кога им одговара во ВАР собата? Не сакам да ширам зли мисли, но ваква употреба на ВАР носи простор за теории на заговор“, изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА