Конте брутлно искрен: За Тотенхем е невoзможен пласман во Лигата на шампионите

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте смета дека треба да се постават реални цели на тимот, па шансите за пласман во Лигата на шампионите се речиси невозможни.

Спарс го претрпеа третиот пораз во низа. Пред своите навивачи загубија со 2-0 од Волвс. Моментално се на осмото место на табелата со 36 бодови, пет помалку од Вест Хем, кој е на четвртото место со три натпревари повеќе.

„Игравме добро. Проблемот е што започнавме лошо кога примивме два гола. Тешко е да се вратиш после тоа. Но, момците се обидоа, се бореа до крај да го променат резултатот. Имавме многу шанси, но на крајот зборуваме за пораз. Загубивме два меча дома и од Челси, квалификациите за Лигата на шампионите сега изгледаат невозможни“, изјави Конте.

Се вчитува...