Англискиот првак Челси имаше шокантен старт на сезоната во Премиер – лигата, откако загуби на „Стемфорд бриџ“ со 2-3 од Барнли. Тоа дефинитивно не го очекуваа ниту фановите на „сините“, ниту пак менаџерот Антонио Конте. Но, тој не е загрижен за сезоната што претстои и најавува дека Челси ќе стори се за да ја одбрани титулата.
„Не сакам да барам алиби за поразот. Но, очигледно дека некои судиски одлуки влијаеја на текот на натпреварот. Не посакувавме ваков лош старт, но сега треба да ги засукаме ракавите и да се вратиме на работа. Има доволно време да се поправат работите, а Челси ќе стори се за да ја одбрани титулата. Знам дека имаме повредени фудбалери и дека во моментов имаме кус ростер, но клубот работи на тоа, најдобро што може“, изјави Антонио Конте по поразот од Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА