Антонио Конте со Интер ја запре доминацијата на Јувентус и го освои Скудетото, а потоа си замина поради несогласувања со управата. Во Англија веќе се појавуваа најави дека Конте би можел да си замине од Лондон, сепак останува да видиме дали во нив има реалност.
Сега италијанскиот менаџер е во Тотенхем каде што има променливи резултат.
„Кога Интер ме побара ми даде рок од две години да го освојвам Скудетото, а во тој период да имам слобода. Со Тотенхем не сме зборувале за тоа. Тука целта е друга, во Италија беше само Јувентус, освојуваа девет титули по ред. За две години успеавме да го освоиме Скудетото и да го направиме Интер солиден тим кој доби основа да се развива уште подобро. Во Тотенхем затекнав поинаква ситуација, не може да се споредува со Интер. Сезонава треба да завршиме на колку што е можно подобро место, па потоа ситуацијата ќе биде појасна до каде сме и што можеме“, изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА