Конте џабе се палеше, Тухел го имитираше Мурињо – на крајот „војна без победник“ (видео)

Лондонското дерби мeѓу Челси и Тотенхем донесе војна меѓу двајцата тренери, Конте го почна конфликтот со некоректната прослава на израмнувачкиот погодок на Хојбјерг, но радоста на Италијанецот кратко траеше.

Само неколку минути по тој гол Челси повторно поведе преку Рис Џејмс, а Томас Тухел го „поздрави“ својот ривал со трчање крај него крај аут-линијата, како што тоа своевремено го направи Жозе Мурињо по голот што Порто го постигна под негово водство на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Битката на двајцата стратези на крајот заврши без победник, откако Тотенхем во 95. минута постигна нов гол, овојпат преку Хари Кејн, за конечни 2-2 на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...